Печена кокошка на пиво
Состојки
- 1 пиле(околу 1.5 кг)
- 50 мл масло за јадење
- 30гр маргарин
- 500мл пиво
Подготовка
Откако го видов овој рецепт веднаш сакав да пробам и јас,морам да признам дека бев скептик оти може да ми пукне шишето, но решив да ризикувам.
Пивото го чистиме од етикетите и го отвараме., а пилето го миеме го посолуваме и го денеме на шишето (како што е прикажано на сликата). Ја мачкаме со маргарин и со масло за јадење и ја ставаме во тава да стои исправено.
Во тавата налеваме вода (може и компири во тавата да се печат еднаш ставив и компири и прекрасно излезе)
Печеме на 180 ц околу 2 часа.
Навистина неодоливо!
Одзгора врз кокошката ставаме фолија да не загори многу горниот дел.