Испечати

Печени кикирики и лешници

Печени кикирики и лешници

Состојки

  • 1 филџан вода
  • 2 лажици брашно
  • 4 лажици сол
  • 1кг кикирики

Подготовка

Кикириките се истураат во постара тава. Во еден филџан се додаваат солта и брашното и смесата се меша додека се изедначи. Рерната се загрева на 150. Смесата од сол, вода и брашно се истура врз кикириките и убаво се меша за да бидат опфатени сите кикирики. Се разбира може со лажица ама со раце е поубаво за да се залепи смесата. Вака подготвени кикириките се ставаат на печење.
На почетокот за 10 минути се ваѓа тепсијата од рерна и се мешаат кикириките за да не падне смесата доле. Истото се повторува уште два-три пати додека кикириките не се запечат и се оставаат 30-40 минути во рерна..
Вака печените кикирики се многу вкусни, а куќата исполнета со прекрасен мирис. Со истата смеса се печат и лешници.
Ова можеби и не изгледа како рецепт, но јас го користам веќе долги години и секогаш вака печените кикирики кај мене се најбарани.