Испечати

Тиквички со ориз

Тиквички со ориз

Состојки

  • ЗА ОСНОВАТА
  • 3 броја тиквички средна големина
  • 1 чаша=200 мл. ориз
  • 2 глави кромид
  • 1 чаша=200 мл. маринирани шампињони
  • 3.1/2 чаши вода
  • по вкус зачини сол, вегета, магданос, бибер,
  • ЗА ПРЕЛИВ
  • 300 МЛ. кисело млеко
  • 2 јајца
  • 2 лажици брашно

Подготовка

Пак јас со тиквичките, а оризот, најнормално дека мора да е придружен, па нели тоа бело злато - најквалитетниот ориз потекнува одовде, Винички ориз,па значи вака е припремата на овие тиквички со спој од ориз и заедно прават едно прееевкусно јадење...
1. Насецкајте го кромидот и ставете да се пржи на зејтин, кога ќе стане стаклест додајте ги тиквичките кои сте исекле на коцки и сега заедно да пржите додека омекнат, а тоа трае кратко време, додадете ги шампињоните и оризот и уште малку се заедно пржете.
2. Префрлете во сад кои вие ќе си го изберете, додајте ја стоплената вода, зачинете и ставете во рерна да се довари и подпече.
-Кога е веке готово - извадете од рерна, прелијте со преливот и вратете во рерната за да се истиот подпече.
ПРИПРЕМА НА ПРЕЛИВОТ
- Брашното запржете го на зејтинот, тргнете од ринглата, додадете го млекото во кое сте ги сматиле јајцата, вратете на ринглата за да сосема малку проврие и се залива врз тиквичките и оризот.
Напомена - можете слободно да си додадете и морков кој ќе се пржи заедно со кромидот.
Бон апетит дрги мои!