Испечати

Торта со афион

Торта со афион

Состојки

  • 100 гр афион
  • 4 јајца
  • 6 фулџани (150мл) шеќер
  • 1 ванила
  • 2 фулџани (150мл) зејтин
  • 4 фулџани ( 150 мл) кисела вода
  • 8 фулџани (150мл) брашно
  • 1 пециво

Подготовка

Јајцата ги матиме со шеќерот со миксер, убаво уработувајки. Го додаваме зејтинот, ванилата и пецивото и пак промешуваме со миксерот. Постепено ја додаваме киселата вода. Потоа го додаваме брашното и го мешаме со рачна бркалка или на најслабата брзина на миксерот многу кратко време за да се разбијат грутките од брашното. На крајот го додаваме афионот и добро промешуваме за да добиеме хомогена смеса.
Смесата ја истураме во претходно намастен и побрашнет плех бр .32.
Оставаме да одстои 45 минути и потоа ја печеме тортата. Печеме околу 45 минути на 200 степени или јачината ја прилагодуваме зависно од шпоретот. За време на печењето со чепкалка проверуваме да не ни се лепи од тестото. Јас ја правев оваа торта во плекче бр 30 затоа е толку висока ама и не смета.Овој рецепт ми е од мојата соседка Јадранка и одовде и благодарам за овој лесен и убав рецепт.Тортата е многу вкусна, мека како сунгерче, а и блага за благомани како мене. Ви ја препорачувам бидејки верувам дека ке ви се допадне. Добар апетит.