Испечати

Торта со јаболки

Торта со јаболки

Состојки

  • 6 јаболки
  • 6 фулџани ( 150 мл ) шеќер
  • 2 фулџани зејтин
  • 2 лажици сода бикарбона
  • 2 јајца
  • 6 фулџани брашно
  • 100 грама сецкани ореви
  • 1 ванила

Подготовка

Јаболките ги лупиме и ги рендаме. Во нив го додаваме шеќерот и содата. Оставаме да одстои 1 час. Потоа ги додаваме јајцата изматени со рачна мешалка. Го додаваме и зејтинот. Брашното го додаваме и бркаме со дрвена лажица. Ја додаваме ванилата и оревите.
Печеме во побрашнето плекче бр. 32 на 200 степени, па намалуваме на 180.
Времетраењето на печењето е околу 45 минути. Повремено проверуваме со чачкалица да не ни се лепи тестото. Оставаме на крајот на печењето да се потишти малку бидејки на јаболките им треба повеќе време за печење.Овој пат ќерка ми ја правеше оваа тортичка бидејки и е омилена.
Се надевам дека овој рецепт ќе ви се допадне барем како на нас. До сабајле само неколку парченца останаа.Овој пат правевме половина доза. Одамна ја правиме и омилена ни е на сите дома. Ви посакувам добар апетит.