Кокосов орев
Состојки
- потребно за тесто
- 300гр маргарин
- 1шоља(100мл) какао
- 1чаша(200мл) шеќер
- 3 јајца( две цели и една жолчка)
- 1чаша гриз
- 2 пецива
- 1 ванила
- по потреба брашно( околу 4 чаши)
- за полнење
- 1,5 чаши кокос
- 1чаши шеќер
- 1 белка
- 1,5 чаши шеќер
- 2 чаши вода
Подготовка
1. Најпрво го спремаме шербетот, во водата го додаваме шеќерот и вариме додека да почне да врие потоа го тргаме да олади.
2. Ја спремаме смесата со кокос за полнење. Белката ја матиме со 1 чаша шеќер потоа го додаваме кокосот и со лажица ја соединуваме смесата.
3. Го спремаме тестото. Маргаринот го топиме до половина потоа тргаме на страна и го растопуваме остатокот. Двете јајца и една жолчка ги матиме со шеќерот го додаваме изладениот маргарин, какаото, гризот и мешаме. Го додаваме пецивото, ванилата и брашното и го замесумаме тестото од кое треба да се формират мазни топчиња без да се лепат за раце.
4. Од тестото вадиме топчиња малку поголеми од орев ги расплескуваме на рака во средината ставаме од филот и ги затвараме краевите формирајки пак топче. Ги редиме на подмачкан плех или на хартија за печење. Ги печеме на 200 степени.
5. Кога ке ги извадиме од релна ги ставаме во оладениот шербет да впијат малку од шербетот.