Гравче со спанаќ
Состојки
- 1/2 кгр. грав
- 600 гр. спанаќ
- 1 главица кромид или 3 страка млади кромидчиња
- по ваш избор зачинки - свежа или сува мирудија, вегета, бибер, сол
Подготовка
Едно од омилените мои јадења, дали ќе е гравче тавче со спанак или ќе е само обично густо направен или чорбест, за мене е се исто, секако ми е вкусен. Ова е едно од традиционалните јадења.
Сите знаете како да сварите грав. Количината вие сами ќе си ја одредите бидејки зависи за колку лица се спрема, нормално ако е припремата поголема количина грав, тогаш ќе зголемите и количината и на спанаќот.
- Се мие спанаќот, се бланшира, се цеди. Во сад се става зејтин на кој се пропржува кромидот, се додава исцедениот бланширан спанаќ, продолжете со пржењето. Пржете околу 5-6 мин. додадете црвен пипер, пробркајте, тргнете од огнот.
- Вака спреманиот спанаќ додадете го 10 мин. пред крај на варењето на гравот, оставете заедно да се варат, зачинете и кога веќе гравот е сварен, тргнете го од ринглата.
Вака спреманиот грав како што кажав, може да е чорбест, во тавче или густо спреман, нема запршка, запршка е спанаќот.
И ова спаѓа во категоријата на посните јадења.