Испечати

Пилешки увијачи од рерна

Пилешки увијачи од рерна

Подготовка

Пилешкиот стек се чука убаво да се истанчи, секое парче се сечи на половина по должина, така ќе се добијат 8 парчиња за полнење, се става бибер и се реди со парче шунка и парче кашкавал сечени на тенко, се ролаат мини ролатчиња кои по краевите се затвораат со чачкалици.

Настрана во сад се тура половина шоља јогурт и во него се додава 2 лајци сенф, бибер по вкус, се меша убаво, во втор сад се става презла. Секое од ролатчињата се "мака" прво во смесата од јогурт и сенф па во презла...така сите се редат во тепсивче на хартија за печење и се попрскуваат со малку масло одозгора, одат во рерна на 200С за време од 45-55 минути во зависно од јачината на рерната така да добијат златесто-кафеава боја.

Во прилог можат да одат разни зеленчуци или салати...кај мене послужено е со брокула и малиџано салата, преостанува само да се ужива со сите чула.