Испечати

Торта со банани

Торта со банани

Состојки

  • 5 јајца
  • 10лажици шеќер
  • 10лажици ореви мелени
  • 2лажици брашно
  • 1 пециво
  • фил
  • 500мл млеко
  • 2 пудинг од ванила
  • 250гр шеќер
  • 3 банани
  • 150гр чоколадо за готвење-бело

Подготовка

Се матат јајцата(посебно белките, посебно жолчките со шеќерот, а потоа се соединуваат) па им се додаваат оревите и брашното. Се додава и пецивото, полека смесата се меша со дрвена лажица и се истура во калап да се пече. Одкако ќе се испече со лажица се длаби тестото внимателно да не се оштетат краевите.

Фил
Се вари пудингот во зовриеното млеко се шеќер и во врелиот крем се ренда чоколадата. Бананите се сецкаат на парчиња и се додаваат во оладениот крем. Во кремот се мешаат и трошките од тестото па со таа смеса се полни тортата, убаво се израмнува и се декорира по желба.