Испечати

Видео рецепт: Полнети солени палачинки

Видео рецепт: Полнети солени палачинки

Кој сака палачинки? А кој сака солени палачинки? Ги правиме завиткани со преубави Италијански вкусови, од нив правиме една голема палачинка која потоа ја печеме и добиваме извонредно вкусно јадење. Добро, можете да ги спуштите рацете :)

Состојки

За смесата за палачинки ќе Ви треба:

  • 350 грама брашно
  • 480 милилитри млеко
  • 2 јајца

За филот ќе Ви треба:

  • 100 грама пршута
  • Една рака босилек
  • 100 грама моцарела
  • 10 супени лажици пасата

Подготовка

Чекор 1: За да ја направите оваа едноставна смеса за палачинки, само измешајте го млекото со брашното, а потоа додадете ги јајцата и убаво измешајте. Потребно ни е доста силно и густо тесто кое ќе го држи филот кој подоцна ќе го ставиме.

Чекор 2: Време е за палачинки: Земете ја Делимано тавата за палачинки. Ставете парче путер и загрејте го на средна до висока температура, и потоа сипете 2 црпалки од смесата. Навалете ја тавата на сите страни за тестото да го исполни целото дно и оставете ја палачинката да се пржи околу една минута. Потоа свртете ја палачинката и испржете ја од другата страна.

Повторете ја постапката за вкупно шест палачинки кои се доволни за двајца. Осум палачинки би требало да се доволни за тројца.

Чекор 3: На голема чиста површина почнете да ги редите палачинките во четириаголна форма и намачкајте ги рабовите со путер за палачинките да се залепат. Потрудете се да нема празни места или шуплини во големата палачинка.

Чекор 4: На среден оган загрејте малку доматна пасата.

Чекор 5: Време е за филот: Ставете една супена лажица доматна пасата врз секоја палачинка и размачкајте ја преку целата површина. Потоа врз палачинките нафрлете пршута и моцарела сирење. На крај ставете листови босилек.

Чекор 6: Ова е деликатниот дел. Внимателно завиткајте ја целата палачинка и потрудете се палачинките да останат залепени. Виткајте ја до крај, додека да добиете една голема палачинка.

Чекор 7: Исечете ја палачинката на дебели кришки и ставете ги легнати во Делимано тавата за рерна. Ставете ги во рерна на температура од 150 степени околу 15 до 19 минути.

Чекор 8: Време е за сервирање: Извадете ја тавата од рерна и ставете 3 кришки од палачинката на чинија. Ставете уште малку доматен сос и ручекот е готов!

СОВЕТ: Во овој рецепт можете да ставите што ќе посакате – сами направете го изборот на вкусови, завиткајте ги палачинките и едноставно испечете ги во рерна. А зошто да не направите бешамел сос и палачинките да ги испечете во богат кремест сос?

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за палачинки ; Ростер
Тава за палачинкиРостер