Киндер парадизо тортици
Состојки
- Бисквит
- 5 јајца
- 150 гр шеќер
- 5 лажици зовриена вода
- 100 гр стопен путер
- 110 гр брашно
- 100 гр нишесто
- 10 гр прашок за пециво
- 1 лимон изрендана кора
- 1 лажица сок од лимон
- 1 ванила
- Фил
- 2 кесички(80 гр) шлаг
- 220 мл млеко
- 3 лажици мед
- 250 гр крем сирење
- 3 листови желатин
Подготовка
Подготовка на бисквитот
Одделете ги белките и жолчките. Белките пенесто изматете ги со половина од шеќерот и оставете ги на страна.
Жолчките матете ги со зовриената вода и постепено додавајчи го останатиот шеќер и ванила продолжете со матењето да се добие пенеста смеса. Потоа додадете го стопениот путер и убаво измешајте се заедно.
Додадете ги изматените белки и измешајте ги со жица, а потоа брашното, нишестото, пецивото, кората и сокот од лимон и повторно измешајте убаво да се изедначи.
Смесата ставете ја во намачкано со путер и набрашнато плехче (35х20) и печете ја во загреана рерна на 180 С 25-30 мин.
Подготовка на филот
Желатинот ставете го во вода да омекне, а потоа ставете го на пареа да се стопи.
Шлагот изматете го со медот и млекото, потоа додадете го крем сирењето и измешајте, на крај желатинот и се заедно убаво измешајте.
Печениот и оладен бисквит со остар голем нож исечете го на половина.
Едната половина ставетеја во плехот каде се печеше, ставете го филот и поклопете го со другата половина. Покријте го со фолија и оставетего во фрижидер неколку саати да се стегне филот.
Наросете го со шеќер во прав и сечете правоаголници или коцки.