Видео рецепт: Паста со тиква и колбаси
Тиквата и колбасите се одлична комбинација – мека слатка тиква со солени колбаси полни со вкус. Измешани заедно во сос од потемнет путер и жалфија. Доволно зборувавме. Ајде да готвиме!
Состојки
- Половина тиква со средна големина
- 6 колбаси
- 80 грама паста
- 125 грама путер
- Една рака листови жалфија
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: Земете ја горната половина од тиквата (делот без семки) и извадете ја кората. Потоа исечкајте ја на коцки со еднаква големина.
Чекор 2: Испржете ги колбасите во малку масло за да ослободат дел од маснотиите и да добијат рамномерна боја. Оставете ги малку да се изладат, а потоа исечкајте ги на парчиња со еднаква големина со нож со назабено сечило.
Чекор 3: Ставете ги коцките тиква и колбаси во тава. Прелијте ги со малку маснотија од колбасите и печете ги заедно во рерна 25 минути на температура од 160 степени.
Чекор 4: Ставете ги тестенините да се варат во солена зовриена вода. Овде користиме тестенини во форма на школки кои подоцна ќе ги впијат другите состојки.
Ситно исечкајте неколку листа жалфија.
Чекор 5: Во меѓувреме ќе го направиме потемнетиот путер – ставете 125 грама путер во голема Делимано тава за пржење, стопете го и оставете го убаво да се загрее. Сакаме тој да добие костенесто кафена боја. По неколку минути ставете ги листовите жалфија и одржувајте ја температурата додека сосот од путер да почне да добива боја
Исклучете го огнот, ставете ги варените тестенини во тавата и измешајте ги со сосот.
Чекор 6: Извадете ги тиквата и колбасите од рерна и измешајте ги состојките заедно.
Сервирајте неколку полни лажици на чинија.
СОВЕТ: Украсете го јадењето со листови жалфија или рендан пармезан. Ова е одличен рецепт за студениот период. Сосот од потемнет путер и жалфија можете да го користите со секаков вид тестенини или њоки.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Ростер ; Касерола