Испечати

Пунч мињони

Пунч мињони

Состојки

  • 500гр. мелени бисквити
  • 250гр. маргарин
  • 150мл. млеко
  • 100гр. шеќер
  • 50гр. какао
  • 100гр. чоколадо за готвење
  • малку рум

Подготовка

Во длабок сад изматете го маргаринот со шеќерот и какаото.
Поседно измешајте ги бисквитите со млекото и додадете ги во изматената смеса.
Додајте малку рум и убаво измешајте.
Од смесата формирајте мињони, ставете ги малку во фрижидер да се стегнат и прелијте ги со растопено чоколадо.

Јас дел од мињоните ги направив во силиконски калапи, на тој начин што ставив во калапите малку растопено чоколадо, ги оставив калапите во фрижидер за да се стегне чоколадото, додадов од смесата и пак нанесов растопено чоколадо, но само еден слој за да добијам ред чоколадо, ред мињон, ред чоколадо, а можете ако сакате да ги чоколадирате целите.