Испечати

Руска салата-зимница

Руска салата-зимница

Состојки

  • 10кг вкупно крафиол, корнишони и моркови
  • Солило
  • 10 кг вода
  • 300 гр крупна сол
  • 1 шола шеќер
  • 250 гр есенција
  • 20 гр винобран
  • 10 гр конзерванс (никогаш не ставам)
  • 1-2 пак. бибер во зрно (не мора)

Подготовка

Сезоната на зимница веќе е при крај, ако не е и помината, но еве и овој мој рецепт нека се најди овде, ако не за оваа, можеби за другата година. Оваа година каснам со правење на оваа салата, најчесто практикувам да ја правам околу 1ви октомври, но се уште има избор на пазарот, па ете...

Зеленчукот убаво се мие и чисти. Карфиолот се кине на парчиња, а морковите и корнишоните убаво е да се што помали и остануваат цели. Јас ја ставам цела во пластично буренце, но ако ја ставате во тегли, можи морковите и корнишоните да ги исецкате на парченца. Тогаш и не мора да се ситни.

Во одприлика 3 кг вода ставете ги сите состојки за солилото. Мешајте додека се не се растопи, па потоа додадете ја и останатата вода.
Не треба варење, едноставно, само прелијте го зеленчукот и готово.
Во текот на денот од време на време промешајте уште неколку пати, или ако е во тегли превртувајте ги за да се распореди убаво течноста. Оваа постапка и да не се направи, ништо страшно.
На крај убаво натиснете ги под солилото и почекајте ги најмногу 2 недели да бидат готови.

Руската салата со овој избор на зеленчук и начин на спремање до сега веќе многу години наназад никогаш не ми се расипала, ниту пак се сменала бојата на зеленчукот (ако не е заслужна и длабината на мојот подрум...) како ги клавате на изглед, така ги јадете цела зима. А ваквото солило можите да си го употребите и за некој друг вид на закиселување на зеленчук.