Испечати

Сникерс бомбици

Сникерс бомбици

Состојки

  • 200гр мелени кикирики
  • 300гр таан алва
  • 300гр мелени бисквити
  • 200гр маргарин
  • 100гр чоколада за готвење
  • 100мл исцеден сок од портокал

Подготовка

Сите состојки убаво се замесуваат со сокот од портокал и се меси додека смесата се изедначи. Од смесата се прават топчиња по желба или други форми кои одозгора се преливаат со растопено чоколадо.
Од оваа смеса излегуваат околу 50 бомбички.