Печен лук
Состојки
- по ваш избор лук
- малку маслиново масло
- по ваш вкус мелен бибер
- Предлог за намаз од лукот
- од се по малкууили ваш вку сол, маслиново масло, магданос, пармезан, бибер
Подготовка
Овој рецепт е за лукољупците, за друг не е, па кој ке се препознае овде, еве еден рецепт кој и не е некој рецепт, одокати е повеќе, но сосема вкусно нешто и како намаз и како додаток.
Количините се одокати, колку сакате да спремате или колку имате лук, затоа нема ниту една мерка во грам или милиграм, се тоа ке работите по вкус.
1. Засечете го лукот колку да се создаде можноста да маслиновото масло или зејтинот навлезе мегу чешнињата, односно лушпите на лукот.
2. Ставете по малку зејтин или маслиново масло, попрскајте со малку мелен бибер и замотајте добро во алу- фолија, затворете да не излегува пареата и ставете во рерна да се пече на 200 степена околу 1 час.
Пред да го извадите лукот провере дали е печен, а тоа ќе го знаете откако ке ја отворите фолијата и ќе видите дека се одвоиле лушпите на секое чешне. Ако е потребно повеќе да се пече, повторно затворете ја фолијата и вратете да се допече.
3. Кога сте го извадиле од лушпите печениот лук во едно садче, сега додадете повторно маслиново масло, сол, сецкан магданос (може и босилок доколку го сакате но да не претерата заради аромата) па се заедно измешајте да добиете една густа смеса како намаз за лепче. Кој сака може да си додаде и пармезан. Значи, количината на маслото е доволна откако ке забележите дека смесата од лукот станала компактна.
Послужување
- Вака спремениот лук можете да го чувате затворен во садот и може да стои во фрижидер се додека не го потрошите
- како додаток на пире од компир - комбинација прсти да излижеш.
- Во прилика на шпиковање на месо
- Додаток на многу јадења спремани од зеленчук
- Одличен за време на постите - за спремање на посни сарми или полнети посни пиперки
- Сосема солиден за скара...
Јас сум благодарна на пријателката Дубравка која ми ја откри оваа фантастичница со која веќе подолго време се сладиме. Не случајно реков - кога надвор е ладно... тоа од причина што се вали оган и стааално во рерната има замотуљак од фолија.
Знам дека и Светлана веднаш ќе се јави да каже и кај неа во рерната се нешто светка тоа фолијата. Постојано го прави и таа откако ја запознав со фактот дека постои нешто многу убаво иако е од лук...