Гулаш
Состојки
- 1 кг јунешка кртина, исечена на мали коцки
- 100 - 200 гр сланина, исечена на коцки
- 2 главици кромид, исечен на ситни коцки
- 3 - 4 чешнина лук, ситно исецкан
- 10 лажици масло
- 1 шоља црно вино
- 2 лажици пире од домати
- 2 лажици лут ајвар или мелена лутенка
- по вкус сол, бибер
- 1 ловоров лист
Подготовка
Во поголемо поплитко тенџере со капак се ставаат прво коцките сланина, над нив кромидот и лукот и најгоре коцките месо. Се додава виното и лoворовиот лист и се става на оган да зоврие. Потоа се намалува температурата и затворено се вари на тивко додека месото сосема не омекни, некаде 2 - 3 часа. Се посолува, обилно се зачинува со бибер, се додаваат пирето од домати и ајварот или лутенката. Се промешува и ако е потребно се додава малку вода. Јас густ го правам гулашот, така да вода не додавам. Поклопено на тивко се вари уште некаде 30 - 45 мин. сите состојки на сосот да се соединат. Ако треба, додавам едно лажиче шеќер да се неутрализира киселоста на доматното пире, а уште ми е поубаво ако додадам неколку ситно сецкани црни сливи или една лажица мармалад од сливи (не од тој со рум и цимет ).
По желба посипете со ситно сецкан магдонос и послужете со прилог по желба.