Чоко-лимон куглоф
Состојки
- 125 гр путер
- 150 гр шеќер
- 2 јајца
- 250 гр брашно
- 2 лажички прашок за печење (пециво)
- 2 лимони
- 100 гр црно чоколадо
- 200 гр кисела павлака
Подготовка
Овој колач е интересен спој на слатко-горкиот вкус на чоколадото и киселкоста на лимонот, кој во овој случај и преовладува. За сите оние кои сакаат сочен освежителен вкус на лимон.
Изматете ги путер и шеќерот и потоа матејќи додавајте ги 1 по 1 јацата.
Кога смесата убаво ќе се изедначи, исклучете го миксерот и со дрвена лажица или жица за матење измешајте ја киселата павлака.
Потоа, постепено мешајќи додавајте го брашното кое предходно сете го помешале со пецивото.
Лимонот и чоколадото исечете ги на ситни коцкички и потоа и нив додадете ги во смесата.
Клапот за куглоф намастете го и побрашнете го. Ако е силиконски тоа не треба. Истурете ја смесата во него, добро израмнете и печете на 180 степени 30-40 мин. зависно од вашата рерна.
Предлог
Смесата одлично одговара ако сакате да ја испечите и во калапи за мафини.