Плескавици од грав
Состојки
- 250гр. грав
- 1филџан соја трошки
- 1 сува пиперка
- 1 варен компир
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 3лажици лебни трошки
- ЗА ПОХОВАЊЕ
- по потреба полента за валкање на пелескавиците
Подготовка
Најпрвин ставете го гравот да се свари.
Сварениот грав испасирајте го, додајте ги соините трошки (претходно потопени во топла вода и исцедени) и останатите состојки.
Убаво со мешање соединете ја смесата и оставете ја да отстои во фрижидер околу 15 минути.
Од смесата формирајте плескавици, свалкајте ги во полента и пржете на загреано масло.