Испечати

Малиџано салата

Малиџано салата

Состојки

  • 4 поголеми црни домати
  • пола глава лук
  • 1-2 филџанчиња зејтин
  • 150-200 гр. сирење
  • 200 гр. кисела павлака
  • 100 гр мајонез ( не е задолжително )
  • малку сол

Подготовка

Иаку изминува сезоната на црните домати, интересот за нив мислам дека не се намалува.Посебно за оние домаќинки кои веќе своите замрзнувачи ги наполниле со овој прекрасен производ.

Преку зима правиме најразлични салати од црни домати, овој се покажа како највкусен, но и со најздрава комбинација на состојки.

1. Црните домати се печат во рерна и откако ќе бидат готови се лупат.

2. Лукот се истолчува со мала количина на сол, а може и со морска сол.
Му се додаваат црните домати и се продолжува со толчење.

3. Откако ќе се добие една хомогена смеса му се додава зејтинот.
НАПОМЕНА Ако сакате да ставите и мајонез,ставете само 1 филџанче зејтин за да не излезе премрсно.

4. Откако убаво сте измешале, додајте го ситно изренданото сирење и чашката павлака.
Посолете по вкус и промешајте.

Во оваа салата може по желба да се додадат и мелени ореви.
Мајонезот не е задолжителен, па може сосема да го исфрлите доколку не сте негов љубител или сте на диета.

На здравје!