Испечати

Прелиени ролати со мелено месо и ајвар

Прелиени ролати со мелено месо и ајвар

Состојки

  • 18 готови кори за пита
  • 1 шоља масло+кисела вода (мешано)
  • 1/2 кг мелено месо
  • 600 гр ајвар
  • 1 главица кромид
  • За преливање
  • 3 јајца
  • 250 гр кисела павлака

Подготовка

Од оваа доза се добиваат 3 ролати, по 6 кори во секој.
Најпрво ситно се сецка кромидот и заедно со меленото месо се пропржува. Се трга од оган и се додава ајварот и зачините кои ќе си ги додадете по желба. Јас ставив малку оригано, црн бибер и вегета.
Во една шола се става мешано по пола масло и кисела вода. Точна мерка не е дадена, бидејќи некои кори се помеки а некои потрврди, па тоа за некој милилитар можи да варира.
Со оваа мешавина се попрскува секој ред кори, освен последната, 6та. Неа ја премачкуваме со филот од ајвар и мелено месо, кој предходно исто така сме го поделиле на 3 дела и виткаме ролат.
Можи да ги печeте цели ролатите како што сте ги свиткале, а можe како во овој случај, секој ролат да го исечете на 2 прсти ширина и со сечениот дел на горе да ги наредите во подмачкана тава за печење.
Одозгора се прелива со разматените јајца и кисела павлака и се печи на 190 степени додека убаво не оцврсти прелиениот дел.