Испечати

Пај од тиквички

Пај од тиквички

Состојки

  • 1 кгр. тиквички
  • 50-60 гр. зејтин
  • 3 кришки леб
  • 50 мл. млеко
  • 1 главица кромид
  • 2 јајца
  • 2 лажици пармезан
  • ракатка магданос
  • 1/2 лажичка мајоран
  • по вкус мелен бибер
  • 7-8 лажици лебни трошки - презла

Подготовка

Јас имам желба и ќе ме радува доколку успеам да го протнам овој рецепт на вашето меним а еве како тоа ќе го направите:

1. Најпрвин насецкајте ги тиквичките, осолете и оставете ги да одстојат да пуштат сопствениот сок, потоа ставете ги под млаз ладна вода нека се одстрани вишетокот на солта, оставете ги да се цедат.
2. Исецечниот кромид сатавете го во тава на зејтинот и пропржете го, кога ќе стане стаклест додадете ги добро оцедените тиквички, пржете ги додека испари целата течност. Тргнете од ринглата и оставете да се малку олади смесата.
3. За то време пропремајте го останатото. Искршети ги кришките од лебот на кои сте ми ги одстраниле корите и залејте ги со млекото. Оставете да постојат.
4. Со вилушка сматета ги јајцата, додајте го пармезанот, мајоранот, магданосот и посолете сосема малку поради тоа што тиквичките веке се солени, но не е на одмет да ги пробата и оцените дали ви е доволно солено. Додајте го биберот и лебот потопен со млекото. Сето ова додадете го во оладените тиквички измешајте да стане компактна смеса.
5. Садот кој сте го избрале за да го спремите овој фантастичен пај, добро го премачкајте со маргарин, посипете со лебни трошки - презла, ставете ја добиената смеса од тиквичките. Со лажица израмнете притоа налегнувајте за да се се добро стисне.
6. 7-8 лажици лебни трошки измешајте со 50-70 гр. зејтин, па овака спреманите трошки ставете ги назнад тиквичките и покријте ги добро и со лажицата налегнете лесно за да се слепат со смесата од тиквичките.
6. Се пече во рерна на 200 степени околу 20-30 мин.
7. Кога е готово, превртете го пајот на тањир, знаете веќе како се тоа работи - ставете поголем тањир  над садот, превртете и пајот ќе излезе од садот во кој се приготвувал.

Тоа е се околу овој прекрасен Пај кој ви го тоооопло препорачувам, тиквичките веќе се со сезоната при крај, па не е на одмет да го искористите последниот момент.

Сервирајте ги со СОС од 1/2 кгр. кисело млеко во кое ке додадете 1 лажичка црвен пипер, по вкус сол, малку копар (нели копарот е одличниот спој со киселото млеко) малку магданос, 1-2 чешниња лук, може и мирудија да додадете.

НАПОМЕНА
Значи горе напишаното е оригиналниот рецепт, но се чувствувам за должна да напишам дека само првиот пат ставив пармезан, од тогаш наваму (а незнам ни сама колку пати сум го спремала) наместо пармезан ставам кашкавал рендан. Доколку се одлучите за кашкавалот внимавајте количински колку - за да не го пресолите, а тоа зависи и од самиот кашкавал.
Јас користам Ементалер и ставам 3 лажици.
Поради тоа што е овој Пај прекрасен лесен оброк, без оптеретување, јас го фалам на цел глас, а еве ме и овде да ви го представам како би можеле оние кои вакво нешто не вкусила да си го спремаат и останат со задоволни лица.