Испечати

Погача со свежо грозје

Погача со свежо грозје

Состојки

  • тесто
  • 630 грама брашно тип 400
  • 30 грама свеж квасец
  • 2 јајца
  • 7 лажици зејтин
  • 280 - 290 мл млеко
  • 1 лимон ( рендана кора)
  • 10 капки екстракт од банана или ванила ( или ванилин шеќер)
  • 3-5 лажици сок за растворање од портокал или било каков со жолта боја
  • фил
  • 400 -450 грама свежо грозје без семки
  • за премачкување
  • 20 грама маргарин за подмачкување на плекчето
  • 25 грама сусам
  • 50 грама шеќер

Подготовка

Оваа блага погача не беше планирана со вакви состојки. Меѓутоа убавото грозје без семки што во моментот го имав дома ми ја разбуди малку фантазијата, одлучив пак да испробувам. Резултатот одличен барем за мене и мојата фамилија.

Грозјето го чистиме од дршките, го миеме и ставаме во поголема цедилка. Замесуваме тесто од брашното, квасецот и сите други состојки, освен грозјето. Него ќе го користиме подоцна.
Кога тестото ни е замесено, го оставаме да стаса околу 30 минути. Потоа го делиме на два дела, нееднакви едниот дел малку поголем.
Од поголемиот дел од тестото одвојуваме 5 мали топчиња од кои подоцна правиме плетенки. Помалиот дел од тестото го развлекуваме малку на рацете и го расплеснуваме во подмачкан плех со маргарин. Големината на плехот бр.30. Врз тестото го распоредуваме грозјето. Го земаме и другото тесто исто така малку го развлекуваме со рацете големина на кората колку обемот на плекчето и ја ставаме врз грозјето.
Од топчињата правиме плетенки и ги редиме врз тестото одозгора. Ја оставаме погачата да стаса. Ја премачкуваме со жолчката и зејтинот, посипуваме со шеќер количината можете и да ја зголемите, ако сте по поблаги погачи.
Печеме на 200 степени околу 40 - 45 минути. Ја оставаме малку погачата покриена да се задуши и да омекне. Се надевам дека оваа погача ќе ви се допадне исто како и на мене и моите дома. Ви посакувам добар апетит и нека ви е слатко.