Испечати

Крцкави колачиња

Крцкави колачиња

Состојки

  • 1/2 чаша од 250 мл. омекнат маргарин
  • 1 чаша шекер + за валкање
  • 1/2 чаша пире од варена или печена тиква
  • 1/4 чаша меласа
  • 1 јајце
  • 1 лажичка екстрат од ванила
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 2 лажички цимет
  • по 1/2 лажичка зачинки ѓумбир, пиементо, мелено каранфилче и сол

Подготовка

Крцкави се, долго време можат да стојат, погодни за предстојните празници...
ПРИПРЕМА
1. Се мати со миксер маргаринот и шекерот, се додава пирето од печена или на пареа варена тиква, меласата, јајцето и ванилата.
2. Се мешаат сувите состојки и се додават во смесата од маргаринот, се меси да се добие хомогена смеса и се остава во фрижидер да одстои добиеното тесто околу 1 час.
3. Се прават топчиња, се валкат во шекер, се редат во плех на поголемо растојание. Се печат во предходно загреана рерна на 180 степена притоа внимавајте да не ги препечете.
Соберете во кутија.
Овие колачи се од типот на џинџерот колачи...за божикните празници измислени... Немав меласа, па изборот дали да е мед, јаворов сируп ... падна на кафениот шекер.
Кој не сака слатки колачиња, може слободно да го намали шекерот во количината од тестото.
Уживајте во спојот на вкусот и аромата од самите зачини.
Од оваа количина малку поголеми колачиња излегуваат 36 броја.