Цвет погача
Состојки
- ПРЕД ТЕСТО
- 3 лажички сув квасец
- 2 чаши брашно (250-280 гр.)
- ТЕСТО
- 1/4 чаша омекнат маргарин
- 2 лажички шекер
- 1 лажичка сол
- 2,1/2 чаши брашно (300-350 гр)
- 2 јајца
- 1,1/2 чаша рендан кашкавал
- 1 чаша шунка
Подготовка
Сакам овде повеке нешто да напишам, овде ке има два рецепта и некоја идеичка плус...
Припрема за Цвет погачата
1. Предтесто
- Во млако млеко ставете 120 гр, брашно и разматето го, додадете го квасецот и плус уште 12-130 гр. брашно. Измесете и оставете околу 1 час да стаса.
2. Тесто
- Маргаринот, шекерот и солта заедно измиксајте ги додека не добиете крамаста смеса, додадете ги јајцата и уште некое време матете, па во него додадете го предтестото - мешајте додека сето тоа не се соедини, потоа додадете го останатото брашно кое ви препорачувам да одеднаш не го ставате бидејки од брашно до брашно има разлика - требе да добиете меко тесто. Сега ставете ја ситно сечканата шунка или рендана, па повторно заедно измесете. Оставете да стои 1 час за да стаса тестото.
ПОСТАПКАТА
Кога е стасано тестото направете кора околу 40 см. пречник и дебелина 1 см. На средината на кората ставете чаша која ке ви послужи како маркер. Исечете го тестото на 4 дела (средината ви останува цела во површина колку што ви завземала чашата-маркер) Потоа секоја 1/2 исечете ја на 5 дела, значи ке добиете вкупно 20 дела. Сега со ренданиот кашкавал посипутвате преку едно парче, значи прво посипете едно парче - второто прескокнете го и така ке добиете 10 парчиња посипани со кашкавал. Парчето кое нема кашкавал преклопете го врз парчето со кашкавал, па засукајте го спирално - па замотајте го во круг, значи ова е првото парче што го спремате и веднаш поставете го врз слободната средина од кората. Постапете со сите парчиња така во круг и редете ги еден до друг и веке добивте форма на цвет. Премачкајте со сматена белка, посипете со кашкавалт рендан и оставете да стасува околу 20 мин. и печете во предходно загреана рерна на 180 степена околу 40 мин. (погледнете го приказот)
Ова е оригиналниот рецепт кој подоцна го сменив и наместо кашкавал користев сирење и одозгора не посипував кашкавал ниту сирење, само премачкувам со јајце - ова поради тоа што ми е по лично, инаку тестото има посебен шмек од самиот кашкавал внатре.
2. Овој истиот рецепт - само што изменив во постапката... не ставив шунка туку само сирење во тестото, го поделив на 5 кори од кои на 3 ставив маргарин, ги наредив една врз друга, расукав поголема.... понатаму погледнето го приказот- расечете на 4 дела кората, пак имате чаша маркер за средината, секоја 1/4 уште на 2 дела. Секој дел на средината засечете го, свртете ги краевите на внатре да се отвори исечениот дел - така со сите делови и формиран ви е цветот- понатаму е се исто, ке чекате да стаса и печете.
3. СНЕГУЛКА ПОГАЧА
За ваквиот тип на погачи потребно е малку потврдо тесто и по моја оцена тестото откако се замеси веднаш треба да се оформува - спротивно тешко иде оваа изведба. За овој вид на погачи совршено ми одговара рецептот кој веке го имам поставено (незнам линк да поставам овде) но запишан е во ТАЊИНИ КРОАСАНИ - одлично тесто, лесно со него се оформува токму поради тоа што не се чека да стасува, се оформува па потоа се остава да стаса. Постапката е многу лесна... сечењето исто како предходниот цвет (2) само сто сега краевите наместо да ги завиткате навнатре- протнете ги низ отворот и тоа е... толку... (погледнете го приказот)
Од толку пишување незнам дали ке сум јасна... тука сум, прашајте