Чиабата од тиква - празничен тиквен леб
Состојки
- 1/2 чаша од 250 мл. пире од тиква
- 1 чаша млака топла вода
- 1/4 лажичка сув квасец
- 1, 1/4 лажичка сол
- 3 чаши брашно
- малку зачини за пита од тиква (цимет, ѓумбир, мускатно оревче, каранфилче мелено)
Подготовка
Чиабатата спремана по овој рецепт го правев и сега за Деновите на лебот - 16.10.2012 - ова е Светскиот ден на лебот, еден леб подарив, а едниот остна дома да се сладиме, затоа и го носи името празничен леб.За сите нас познати се причините поради што иако сакав но не успеав да се објави точно на тој ден, но - како и да е, никогаш не е касно.
ПОСТАПКА
1. Сварете на пареа или испечете ја тиквата, одмерете ја количината и направете пире кое ке го измешате со водата, квасето, солта, зачинките и додадете брашното. Замесете. Покријте со влажна крпа садот и оставете да стои 12 саати.
2. Тавката посипете ја со мисирно брашно, ставете го стасаното тесто врз брашното, посипете и одозгора врз тестото со мисирното брашно и со рацете сплескајте го тестото, преклопете го како плик, дотерајте ја формата во круг. Обилно побрашнете го тестото и од страните, покријте го тестото и оставете да стаса околу 1,5 час.
3.Загрејте ја рерната на 220 степени, со остар нож или скалпер засечето го тестото и печете околу 40-50 мин.
НАПОМЕНА
Кога и да правам било каква чиабата, тестото го замесувам одвечер за да наредниот ден продолжам со месењето и секогаш успешно.
Кога ке го ставите лебот да го печете можете да ставите сад со топла вода на дното на рерната- ова за да биде лебот повоздушест, помек и да име сосема тенка кора, а и немора, секогаш не го правам тоа.
Многу мека текстура на тестото, и нареден ден исто така мек и свеж леб ке имате. Пробајте, не е тешко - а секако ке имате вкусен леб.
Доколку ги немате сите зачини, може слободно само мускатно оревче да се додаде, а минува и без зачини.
1 чаша = 250 мл.