Расцветани кремвишли
Состојки
- 1/2 кг брашно
- 300 мл млеко
- 20 гр свеж квасец
- 1/2 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 50 гр маргарин
- 10 кремвишли
- За премачкување
- 1 јајце
- малку сусам
Подготовка
1. Стоплете го млекото и во него додадете го шеќерот, 1 мало лажиче брашно и квасецот. Оставете го покриено 5 мин. да стаса.
2. Потоа додадете го во него маргаринот кој предходно примил собна температура. Промешајте, па претурете во садот за месење.
Додадете ја солта и постепено брашното и замесете глатко тесто. Покријте го и оставете го околу 30 мин да се дуплира.
3. Тестото поделете го на 10 дела и од секој расучете правоаголна кора со должина колку кремвишла. Ставете една цела кремвишла на почетокот и свиткајте ја во тестото.
4. Така свитканата кремвишла со нож засечете ја на 5 места со еднакво растојание, но внимавајте да не го пресечите тестото до крај (туку само кремвишлата да биди пресечена) .
5. Потоа убаво подраширете ги засечените делови и најпрво преклопете ги краевите еден преку друг, при што кремвишлите треба да се завртени нагоре. По правило останатите делови само се превртуваат на горе, но јас кај некои пробав и на 2то и 3то да им ги сменам местата додека ги превртував. Така средината доаѓа поубава на изглед ми се чини. Но, како и да ги превртувате, секако ќе е успешно.
6. Цветовите од кремвишли наредете ги во подмачкан плех и оставете ги 15на мин. покриени да одстојат, па премачкајте ги со разматено јајце и во средината наросете малку сусам.
7. Печете на 200 степени околу половина час, додека не поруменат.
Добар апетит!