Постапалки
Состојки
- 1кг брашно
- 250 гр шеќер
- 4 јајца
- 200 гр маргарин
- 200 мл млеко
- 1 квасец
- 2 пакетчиња ванилин шеќер,рендана кора од лимон,и малку сол за квасецот
Подготовка
1. Се раствора квасецот во млако млеко, со малку сол и се остава да нарасне.
2. Се замесува тесто од сите состојки, се остава да кисне ,се измесува добро и се сука кора дебела околу 1 см.
3.Со калапче се вадат во форма на стапалки , се премачкуваат со жолчка и на прстињата се става по едно зрно суво грозје.
4. Се печат во тепсија намачкана со маргарин околу половина час.
Напомена Слатките се месат по повод проодување на малите деца.