Плазма бајадера
Состојки
- 600гр шеќер
- 15 лажици вода
- 200гр маргарин
- 300гр мелена плазма
- 200гр мелени ореви
- 100гр чоколада за готвење
- 100гр црна чоколада за готвење
- 3лажици зејтин
- 1лажица маргарин
- 50гр бела чоколада за декорација
Подготовка
Прво шеќерот се налева со водата и се става да зоврие.Се трга настрана и во млакиот шербет се додаваат плазмата и оревите.Убаво се меша и на крај се додава и изматениот маргарин и смесата убаво се соединува.Смесата се дели на пола и во едниот дел се додава растопена чоколада а другиот останува бел.Со сукало на целофан или хартија за печење се израмнува прво црниот дел и се остава половина час на поладно убаво да се стегне а потоа над него се става и вториот бел дел.Прво се рамни на хартија внимавајќи дебелината на кората да биде иста и со помош на хартијата се нанесува на првиот црн дел.Се остава пак убаво да се стегне и одозгора се прелива со чоко глазура па со белата чоколада се декорира по желба