Испечати

Корејски шпагети

Корејски шпагети

Состојки

  • 300 гр тенки шпагети
  • За сос од месо
  • 500 гр мешано мелено месо
  • 1/2 главица кромид
  • 1 страк праз
  • 2 - 3 млади кромидчина
  • 1/2 шоља печурки, исечени на ливчина
  • 1 морков
  • 5 чешнина лук
  • 1/3 шоља паста од домати
  • 1 лажица паста од лути пиперки
  • 2 лажици соја сос
  • 1 лажица шекер
  • 1 шоља вода
  • 3/4 шоља млеко
  • 1 коцка за пилешка супа
  • сол, бибер по вкус
  • неколку лашици маслиново масло

Подготовка

Сварете ги шпагетите во поголемо количество посолена вода. Исцедете ги и оставете ги на топло.
Морковот поделете го на пола, дел исецкајте го на ситни коцки, а дел на многу тенки стапчина. Кромидот исецкајте го на ситни коцки, празот на коси кругови, а на кромидчината посебно исецкајте ги зелениот и белиот дел. Лукот многу ситно исецкајте го.
Во една поголема длабока тава загрејте на средно силен оган 2-3 лажици маслиново масло па ставете ги печурките да се пржат да добијат златна боја. Додајте ги кромидот, празот, белиот дел од кромидчето и коцките морков, пропржете да стани стаклесто, додајте го лукот па запржете да замириса. Додајте 1/4 шоља вода и коцката за супа, измешајте. Кога наново ке проврие додајте го меленото месо, добро измешајте па додајте уште 1/2 шоља вода. Посолете и побиберете, па оставете да се вари додека месото не омекни, петнаесетина минути. Додајте го млекото, па варете додека не испари скоро половина од течноста.
Додајте ја пастата од домати, пастата од лути пиперки, соја сосот, шекерот и ако треба уште 1/4 шоља вода, па варете додека сосот да се згусти, некаде десетина минути.
Тргнете го садот од оган. Додајте ги стапчината морков, зелениот дел од кромидчината и шпагетите. Добро измешајте и послужете жешко.
Убаво и миризливо е ако пред послужување се попрска со малку сусамово масло.
Ова е многу вкусна промена од класичниот Сос Болоњез....