Чоколаден тријаголник
Состојки
- 4 жолчки
- 150 гр кристал шеќер
- 70 гр маргарин
- 150 гр чоколадо
- една рака јатки ореви или лешници
Подготовка
Жолчките и шеќерот се варат на тивок оган, од како смесата добро ќе се згусне се трга од оган и се додаваат маргаринот, чоколадото и една рака јатки ореви или лешници по желба. Се меша убаво и се турива во калапот кој претходно е намачкан со масло и на кој има целофан. Одкако добро ќе се стврдни тријаголникот се вади од калапот и се декорира со чоколадо по желба