ТРАДИЦИОНАЛНА ТЕГНЕТА ПИТА
Состојки
- 500 мл вода
- 800 гр брашно
- малку сол
- малку млака вода
- 500 гр сирење или урда
Подготовка
Се замесуваат сите состојки во тесто кое е меко не многу тврдо. Потоа се делат на шест топчиња кои се оставаат во плех подмачкан со зејтин па одозгора се става малку повеќе зејтин и така потопени се оставаат да отстојат половина час. Потоа со намрснети раце се зема едно топче и пополека се развлекува во круг во една голема кора при тоа постојано натопувајќи ги рацете во зејтин. Откако ќе се развлече во голема кора се попрскува со зејтин и се нафрла рендано сирење или урда. Сето ова се прави на чист чаршаф и откако семе го нафрлале зајрето се крева чаршавот и се витка. Потоа кората се врти во круг во вид на баничка. Се става во намрснета тава за печење и се пече 20-30 мин постојано проверувајќи ја. Кога ќе добие златна боја веќе е готова па се вади се попрскува со вода и се покрива со крпа две минути па се сервира. Пријатен апетит
Се извинувам за сликите но мојата пита не дочека сликање на здравје нека им е !!