Колач со урда и јагоди
Состојки
- 2 дл. млеко
- 120 гр. маргарин
- 3 лажици мед
- 350-400 гр. мелени бисквити
- 500 гр. несолена урда
- 3 дл. слатка павлака
- 2 лажици сол одлимон
- 150 гр. шеќер во прав
Подготовка
Кора
1.Мелените бисквити се преливаат со млекото,се додава маргаринот и медот.Добро се измесува.
Фил
1.Урдата се соединува со шеќерот во прав и лимоновиот сок.
2.Желатинот се прелива со половина филџан студена вода.По неколку минути се става на тивок оган,додека се растопи.Се додава во смесата .
3.Слатката павлака се мати и се додава.
(за поинтензивен вкус,слободно додадете и една рака испасирани јагоди)
Финална постапка
Во калап за торта се става смесата од мелени бисквити.Се прекрива со филот и се остава приближно половина час во фрижидер.Преку филот се редат јагодите.Преливот за колачи се припрема според упатството на кесичката и се прелива врз јагодите.(Доколку немате прелив,истопете една кесичка желатин со филџан вода и додадете лажица сок за растварање во црвена боја).Се враќа во фрижидер на уште половина час.