Болоњезе шпагети
Состојки
- 1 паковање шпагети
- 300 грама мелено месо
- 1 главица кромид
- 2 лажици доматно пире
- 200 грама шунка
- 200 грама печурки
- 300 грама кашкавал
- по потреба сол, црн бибер, вегета , масло
Подготовка
Сос..
Се сецка кромидот на ситно и се става во тенџерче со масло да се пропржи одкако кромидот добро ке се пропржи се става и меленото месо исто така да се пропржи и се зачинува по вкус. Одкако кромидот и меленото месо добро ќе се пропржат се додаваат две лажици доматно пире и се посипува со вода да се покријат состојки. Сето тоа се вари на оган некаде околу 1 час додека водата не извари и додека сосот не се згусне.
Додека се прави сосот во друг сад на оган ги вариме шпагетите.
Шунката и печурките ги сецкаме на коцки.....
Во тавче најпрво редиме од претходно приготвениот сос,врз него редиме еден ред од шпагетите, повторно редиме од сосот,потоа ги редиме шунката,печурките и рендаме од кашкавалот.Врз нив редиме уште еден ред од шпагетите и врз нив рендаме кашкавал да се покријат шпагетите. Така приготвени се редат во рерна да се потпечат