Обланда
Состојки
- 6 жолчки
- 1 маргарин
- 250 гр. шеќер
- 250 гр. ореви
Подготовка
6 жолчки се бијат со 1 маргарин. На оган се гори 250 гр. шеќер да порумени.
Се трга на страна од огнот и една по една лажица од маргаринот и жолчките кои се претходно избијани, се додава во шеќерот нон стоп мешајќи.(се турива една лајца се меша додека се изедначи па после се турива друга и така до крај).
Кога ќе се потроши цела смеса се туриваат 250 гр. ореви сецкани во должина. Се меша убаво се и се турива врз едната обланда и се мачка убаво па врз филот се става уште една обланда и се декорира по желба.