Печурки буковка со кромид и сланина
Состојки
- 2 кромид
- пола килограм буковка
- 250 грама сланина
- малку кечап
- малку зејтин
- малку сол и црн бибер
Подготовка
Кромидот се сецка на мали коцки и се пржи убаво во загреана тава со малку зејтин.
Во тавата се додава буковката (претходно измиена, исецкана на парчиња и подварена на оган 15 мин), двете состојки се пржат на средна температура.
Додаваме сол и црн бибер, малку кечап, исецканата сланина и на крај 200 мл вода.
Динстајте уште 20 минути на тивок оган