Испечати

Мини пици

Мини пици

Состојки

  • 300гр. брашно
  • 200мл. јогурт
  • 1/3 свеж квасец
  • 1/2к.лажица сол
  • 1/2к.лажица шеќер
  • 50гр. салама
  • 50гр. рендан кашкавал
  • 50гр. печурки
  • 100мл. кечап
  • 30гр. сусам
  • 1 жолчка од јајце

Подготовка

1.Се меси тесто од брашно, јогурт, квасец сол и шеќер.
2.Откога ќе стаса тестото се премесува и со сукало се прави кора и од неа со чаша се вадат кругови.
3.Во средината се мачкаат со кечап и се става кашкавал,салама и печурки.
4.Странично се мачкаат со жолчката и се става сусамот.
5.Се оставааат да стасаат околу 15-20 мин. и се печат во загреана рерна на 220ст. околу 15-20 мин.