Охридски пинерли
Состојки
- 1кг брашно
- 1лажица сол
- 9лажици масло
- 3лајчиња шеќер
- 500мл млеко
- 2 свеж квасец
- 250гр маргарин (кристал)
- 1 јајце ,сирење(изварок) и сусам
Подготовка
1.Од млекото,квасецот ,маслото ,шеќерот,солта и брашното се прави тесто.Се остава да кисне 20мин
.2.Тестото се дели на 6 топчиња и пак се остава да кисне.Секое топче се сука со сукало се премачкува со 1/6 од маргаринот(маргаринот се дели на 6 дела за секоја кора по 1/6) се става сирење или солена изварка по желба и се завиткува во ролат.
3.Се сече на 6-7 парчиња ролатот .Постапката се повторува и за другите 5 кори.Се остава пак да скисне и се премачкува со јајце и сусам.
4.Се пече во загреана релна 20 мин на 250степени.
Пријатно!