Погача
Состојки
- 500 мл млеко
- 250 мл јогурт ( може и кисело млеко)
- 120 мл зејтин
- 1 квасец
- 1 лаж сол
- 1 лаж шеќер
- 1/2 маргарин
Подготовка
Во малку млеко се става квасецот и две лажици брашно да нарасне. Потоа во длабок сад со брашно се става стасаниот квасец, јогуртот, зејтинот, солта и шеќерот и се замесува мазно тесто.
И тестото веднаш почнува да се работи, нема потреба пак од стасување.
Тестото се дели на три дела, и секој се развекува во правоаголна форма и се премачкува со малку маргарин и се витка како ролат. Како таков се сече на неколку парчиња, кај мене секогаш излегуваат 8-9 парчиња. И парчињата се редат во помало тавче, јас на пример ја печам во помало тенџерче, зашто тенџерчето има висина.
Значи од едно тесто излегуваат три погачи. Секоја се премачкува со жолчка и се посипува со сусам, а може и мак или нешто слично по желба и брз неа секогаш ставам парчиња маргарин.
И се оставаат да стасаат околу половина час.
Се печат на 220 степени.