Сос од шампињони и пилешко
Состојки
- 700 гр. пилешки стек
- 1 килограм шампињони
- 1 китка свеж магданос
- 3-4 чешниња лук
- 1 павлака
- 1 лаж. брашно
Подготовка
1. Стекот го сецкам на покрупни парчиња и го посолувам,наросувам црн пипер и на загреано масло го пржам
2. Ги додавам печурките и тие малку да се пропржат
3. Налевам во тоа малку вода и оставам да се динста со поклопен капак
4. Ги мешам павлаката и брашното ги додавам во тавата убаво промешувам да се згусне внимавајки да не загори
5. На крај ги додавам иситнетиот лук и магданос промешувам и сосот го ставам во сад за фонду за да го држи топол
мммм..... Прекрасен сос пробајте, јас го обожавам,а посебно кога е со свежи шампињони....