Торта за пролетта
Состојки
- 10 јајца
- 450 гр шеќер
- 250 гр лешници
- 2 лаж брашно
- 200 гр чоколада
- 1 маргарин
- 250 гр ореви
- 3-4 лаж млеко
Подготовка
1. Прво се прави пандишпанот од - 10 белки, 250 гр. шеќер, 250 гр. лешници и 2 лаж. брашно. Се пече во плех од електричен шпорет, кој што е претходно обложен со хартија за печење.
Одкако ќе се биде печен пандишпанот тој се сече на три ленти.
2. За филот - се ставаат 200 гр. чоколада, 200 гр. шеќер и млекото на оган да се стопат, па одкако ке се стопи шеќерот се трга од оган и во него се додава маргаринот со постојано мешање со миксер. И во сето тоа се додаваат и жолтките. И на крај во филот се додаваат и мелените ореви.
3. И потоа се филуваат ред пандишпан, ред фил и одозгора и оддоклу се става фил.
4. Тортата се декорира со фондан.