Сос од сенф и мед (хани мастрд)
Состојки
- сок од половина портокал или по вкус (може, но и не мора)
- 1 мала лажичка зачин кари
- 5 големи лажици сенф
- 5 големи лажици мед
Подготовка
Овој сос е многу лесен, многу вкусен и може да стои во фрижидер долго време бидејки и снефот и медот не се лесно расипливи. Количината во состојките е пишана колку за проба. Во принцип овој рецепт се прави по вкус. Ги ставате сенфот и медот во количина која мислите дека ќе ви биде потребна и мешате. Кога убаво ќе се смешаат, пробувате и додавата или мед или сенф по вкус. Од како главниот дел од сосот е готов, додавате малку кари и повторно мешате и пробувате. Истото важи и за сокот од протокал, се додава по вкус.
Ние дома постојано имаме од овој сос. Го користиме за со похувани јадење, за со чипс и други грицки, како прелив за печено свинско.....кому како му се пријаде. Најчесто го правиме само со сенф, мед и кари, бидејки тоа имаме секогаш дома. Сок од портокал ставаме ретко. Како и да се направи овој сос е преубав.