Испечати

Делимано и Moirecepti.mk ве наградуваат со 100 калапи за колачи

Делимано и Moirecepti.mk ве наградуваат со 100 калапи за колачи

Најактивните 100 членови - готвачи на МоиРецепти ќе добијат Делимано калапи за колачи!

Кои се критериумите?

1. Број на објавени рецепти
Треба да имате вкупно 5 рецепти кои ќе бидат одобрени и објавени на Moirecepti.mk. Правила за одобрување рецепт: рецептот да биде целосен, значи да ги содржи потребните состојки и процесот на подготовка да биде целосно објаснет; Рецептот да содржи фотографии поголеми од 300 х 300 рх; Фотографиите прикачени на рецептот не треба да содржат логоа и имиња на други веб-страници.

2. Употреба на сопствени фотографии
Објавените рецепти треба да содржат сопствена авторска фотографија на готвачот кој го објавил рецептот. Со штиклирање на полето „Ова е моја авторска фотографија и не е преземена од друго место“ при додавање фотографија на рецептот потврдувате дека тоа е ваша авторска фотографија.

3. Уникатност на рецептот
Под уникатност се подразбира: рецептот да не е претходно објавен на нашата страница или да не биде сличен на веќе постоечки рецепт на Moirecepti.mk. За сличноста помеѓу рецептите одлучува нашиот тим.

Во натпреварот учествуваат сите членови на МоиРецепти кои веќе објавиле или ќе објават рецепт од денот на започнување на натпреварот, 28.02.2012. Учесници не можат да бидат веб портали, блогови или фирми, туку само поединци.

Секој учесник може да учествува само еднаш во натпреварот, од еден профил на МоиРецепти. Доколку се утврди (според емаил адресата и IP адресата на компјутерот од каде се додавани рецептите) дека еден корисник има повеќе профили, корисникот ќе биде дисквалификуван.

Во случај на жалба од други извор дека одредена фотографија употребена во некој рецепт е во негова сопственост, корисникот кој го објавил рецептот ќе биде предупреден да ја промени фотографијата во рок од 24 часа, во спротивно рецептот ќе биде отстранет.

Наградата, Делимано калапи за колачи ќе ја добијат првите 100 членови на МоиРецепти кои ќе ги исполнат критериумите на натпреварот.

Инспирирајте се и создавајте!

МоиРецепти