Баклава - Триаголници
Состојки
- 800 гр шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 2 јајца
- 300 гр мелени ореви
- 1 лажица путер
- 2 лажици шеќер
- 100 гр чоколадо за готвење
- 6 лажици гриз
- 500 мл млеко
- 500 гр кори за баклава
- 800 мл вода
- 1 лимон
- 100-200 мл масло (за попрскување)
Подготовка
Млекото, гризот и шеќерот се варат со повремено мешање (на тивко) додека да се згуснат и смесата се тргнува на страна. Веднаш се додаваат чоколадото и путерот, се се меша убаво додека да се растопат и се остава смесата да се олади. Во оладената смеса се додаваат јајцата и убаво се меша со лажица (не со миксер). Потоа се додаваат мелените ореви и ванилиниот шеќер и повторно убаво се меша (може да се додаде и рендана кора од лимон).
Се ставаат две кори една врз друга (и двете се попрскуваат со масло) и се сечат на 6 ленти. На крајот на секоја лента се става 1 полна лажица фил, делот каде што е филот се превиткува во форма на триаголник и така се продолжува со виткање до крајот на лентата. Истото се повторува додека не се потроши филот. Триаголниците се редат во тава за печење, се попрскуваат со масло и се печат на 200 степени (додека не заруменат). Се оставаат да се оладат.
Во меѓувреме се подготвува шербетот. Водата и шеќерот се варат додека се стопи шеќерот и се остава да врие на тивко за да се згусне шербетот (да биде како сируп). Во шербетот се ставаат исечени кругови од 1 лимон и со жежок шербет се полеваат оладените триаголници.