Испечати

Видео рецепт: Печени компири со лимон

Видео рецепт: Печени компири со лимон

Печените компири секогаш се добра идеја без оглед на годишното време, но ако сред зима ги послужите на маса за пријателите и семејството, нема да погрешите. Овде на компирите им додаваме силен вкус на лимон.

Состојки

  • 10 мали компири
  • 3 лимони
  • 100 грама путер
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Вид на оброк: Предјадење
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.

Подготовка

Чекор 1: Прво излупете ги компирите. Користиме мали компири, но секако можете да користите и поголеми и да ги исечете на парчиња.

Ќе ни требаат околу 4-5 компири по човек.

Откако ќе ги излупите, со мал остар нож засечете линии скоро до средината на компирот. Во средината од компирот оставете неисечен дел од приближно 1 сантиметар. Тоа ќе помогне компирите побрзо да се зготват, но исто така ќе им овозможи вкусовите на лимонот, путерот и зачините да навлезат во внатрешноста.

Сега пресечете два лимона на половина и оставете ги на страна.

Чекор 2: Сега ќе го започнеме готвењето во тава… Стопете малку путер и масло во тавата…

Ставете сол и бибер. Ставете и кора од еден лимон.

Ставете ги компирите и пропржете... Се обидуваме компирите да ги збогатиме со што повеќе боја и вкус пред да ги ставиме во рерна да се печат…

Сипете го сокот од 2 лимона. Внатре ставете ги и исцедените лимони. И неколку гранчиња рузмарин.

Во меѓувреме, рерната загрејте ја на 200 степени.

Продолжете да ги готвите компирите додека не потемнат и заруменат пред да ги сипете право во Делимано тавата за печење.

Чекор 3: Ставете ги во рерна да се печат 25 минути на температура од 200 степени.

Извадете ги кога ќе бидат готови и спремни сме за сервирање.

Чекор 4: Време е за сервирање: Ставете неколку компири во чинија со исечените страни свртени нагоре. Ги сервираме со парче пилешко месо.

За крај, украсуваме со неколку кришки свеж лимон и и гранче рузмарин.

СОВЕТ: Печени Компири со Лимон се одличен гарнир за јагнешко и пилешко месо, а особено риба. Можете да ги печете во истата тава со месото за да ги измешате соковите или да им ставите малку сладок црвен пипер пред печењето.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Ростер