Баклава со чоколадо
Состојки
- 300гр мелени ореви
- 100гр чоколада за готвење
- 250гр не солен путер или маргарин
- 1 сок од еден лимон (за шербет)
- 800гр шеќер (за шербет)
- 400мл вода (за шербет)
- 500гр тенки кори за баклава
Подготовка
Секоја кора се попрскува со зејтин, па врз неа се става уште една кора, повторно зејтин и уште една кора. Вкупно три кори една врз друга. По ивица на корите се ставаат три лажици од филот (ореви и чоколада) и се мота кората како ролат,
Така се прави со сите кори. Кога се наредени во тавче се сечат сите кори да
се добијат парчињата,се полива со растопен путер и се става да се
пече на 200степени окулу 20-30 мин Кога е печена ја попаруваш со врел шербет.
Шербетот се прави со зовривање на водата и шеќерот и додавање на сок од еден лимон, а филот се преви со топење на чоколадото на тивок оган и додавање на оревите