Испечати

Фрути Лупс Кошнички

Фрути Лупс Кошнички

Состојки

  • 200 гр. Чоколадо за готвење (може и друго, ама потврдо)
  • 15 лажици Шеќер
  • 250 гр. Маргарин
  • 100 гр. Ореви (сечкани, дробени или мелени)
  • 1 кутија Фрути Лупс или било какви корнфлекс
  • 5 лажици Мед

Подготовка

На тивко се топат маргаринот и чоколадото, се става и шеќерот и на крај медот, и полека се меша додека се соединува смесата.

Кога ќе стане рамномерна смеса, се остава малку да се излади (да стане млако) и потоа внатре се истураат оревите и Фрути Лупс житарките. Се треба добро да се измеша со лажица, но не премногу, за да не се смачкаат житарките.

Спремете околу 30-40 хартиени кошнички за колачи и стамо полнете ги со смесата. Кога ќе се стврднат, можете да ги служите. Се чуваат во фрижидер.

*Може да се направат со било какви житарки (корнфлекс), но се многу декоративни кога ќе се направат со Фрути Лупс =)

П.С. Не сум сигурна колку точно кошнички излегуваат, ама прилично многу. Имајте резерва кошнички =)