Пилешко печено без масло
Состојки
- 1 кг пилешко месо
- 250 мл. млеко
- 3 лаж. зачин
- 50 гр презла
- 5-6 лаж. сусам
Подготовка
Свежото пилешко месо се става да одстои 30 мин. во млеко. Потоа на секое парче месо се става зачин, се валкаат во презла и им се става сусам. Така подготвеното месо се става во тава за печење којашто е обложена со хартија за печење. Се пече 45 мин. на 220 степени.