Кокмишка
Состојки
- 1 свеж квасец
- 1 лајче шеќер
- 300 мл топла вода
- 2 јајца
- 2 лајчиња сол
- 700 гр брашно (приближно)
- 80 гр маргарин
- 80 гр сало
- 300 гр сирење
- 1 јајце за премачкување, плус сусам
Подготовка
1. најпрво направете го квасецот да скисни
2. потоа со другите состојки направете тесто кое ќе го оставите половина сат да се одмори.
3. Од тестотот направете 6 топчиња.
4. Тепсијата (бр.32) намачкајте ја со масло. Секое парче расучете го во големина на тепсијата.
5. Ставете ја едната кора, попрскајте ја со стопениот маргарин заедно со салото, надробете сирење, ставете ја другата коричка и така се додека не ги ставите сите 6 кори.
6. Одозгора премачкајте ја кокмишката со јајце, ставете го и сусамот и исечете ја на парчиња.
7. Оставете ја на топло се додека не се наполни тепсијата и ставете ја да се пече во загреана релна на 200 степени.