Погача со крем сирење
Состојки
- Тесто*
- 750 гр. брашно
- 250 мл. млеко
- 100 мл. вода
- 100 мл. масло
- 2 белки
- 1 коцка свеж квасец
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- Фил*
- 100 гр. маргарин
- 2 жолчки
- 1 лажичка сол
- 100 гр. крем сирење
- За премачкување*
- 1 јајце
Подготовка
1. Во млако млеко и вода се става квасецот, шеќерот и една лажичка брашно. Се промешува и се остава квасецот да стаса.
2. Во подлабок сад се соединуваат маслото, белката и солта.Се додава млекото со надојдениот квасец и со брашното се замесува фино и мазно тесто. Се остава на топло место покриено со крпа 30-45 мин.
3. Стасаното тесто се размесува на набрашнета работна површина и со сукало се развлекува кора со димензии 35х55 см.
4. На страна се матат крем сирењето, маргаринот и жолчките се посолува и со оваа смеса се премачкува кората.
5. Кората се витка во ролат и се става во подмачкана тепсија бр.32 и се витка во круг со краевите раздвоени. Со помош на ножици се сече ролатот со дебелина од два прста, но не до крај.
6. Првиот исечен дел се префрла кон внатрешната страна и малку се навалува на десно. Вториот и третиот дел остануваат на своите места, само и тие одат малку навалени на десно. Четвртиот дел оди кон внатрешната страна исто малку навален, а петиот и шестиот остануваат на своите места само и тие малку навалени. Сета оваа постапка може да се види на сликата долу. Кога се прави ролатот не се сечат сите делови одеднаш туку постепено како префрламе така сечеме, зато што тестото е малку лепливо од филот.
7. Вака спремената погача се остава покриена на топло уште 45 мин.
8. Пред печење погачата се премачкува со разматено јајце и се пече во загреана рерна на 200 Ц. околу 30 мин.